ГУЖВА НА ТАБАНОВЦЕ И НА БОГОРОДИЦА Се чека до 30 минути, АМСМ предупредува на зголемен сообраќај и на можни одрони на некои делници
АМСМ апелира до возачите да се движат со прилагодена брзина, строго да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде што постои ризик од одрони. Посебна претпазливост се препорачува на патиштата Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и на ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира утрово АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.