ГУВЕРНЕРОТ НА КАЛИФОРНИЈА ПОБАРА ИСТРАГА ЗОШТО ХИДРАНТИТЕ ОСТАНАЛЕ БЕЗ ВОДА Пожарите во Лос Анџелес го загадија воздухот, огромни се здравствените ризици

Најмалку 11 лица досега загинаа во пожарите во Лос Анџелес, а се проценува дека се уништени повеќе од 10.000 домови и други објекти.

599

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, повика на независна истрага за тоа како критичните противпожарни хидранти останале без вода и ја ослабиле борбата против шумските пожари во областа Лос Анџелес, објави Лос Анџелес тајмс.

– Губењето залихи од противпожарните хидранти веројатно ги наруши напорите да се заштитат некои домови и коридори за евакуација – рече Гавин Њусом.






Тој вели дека е потребна истрага за губењето на притисокот на водата на локалните противпожарни хидранти и пријавената недостапност на залихи на вода од акумулацијата Санта Инез.

– Неопходен е сеопфатен преглед за да се осигураме дека ова нема да се повтори и дека ги имаме сите достапни ресурси за борба против овие катастрофални пожари – додаде гувернерот на Лос Анџелес.

Најмалку 11 лица загинаа во пожарите досега, а се проценува дека се уништени повеќе од 10.000 домови и други објекти. Наредбата за евакуација се прошири во близина на пожарот Палисејдс, додека властите работат на локализирање на пожарите кои горат од вторникот. Горат најмалку 6 пожари. Најновиот пожар, наречен „Арчер“, започна вчера и не е под контрола.

Претседателот Џо Бајден изјави дека Лос Анџелес е како „воена сцена“ и предупреди дека бројот на загинати веројатно ќе се зголеми. Прогнозата за посилни ветрови ги зголемува стравувањата дека пожарите би можеле дополнително да се шират и има предупредување со црвено знаме, што укажува на критични услови за пожар.

Властите во Лос Анџелес прогласија локална здравствена вонредна состојба во целата област поради лошиот квалитет на воздухот бидејќи пепелот и чадот од шумските пожари ја покриваат областа. Во соопштението, Јавното здравство на округот Лос Анџелес издаде декларација и наредба за јавно здравје бидејќи пожарите и силните ветрови „сериозно го деградираа квалитетот на воздухот, што доведува до непосредни и долгорочни ризици за јавното здравје“, се наведува во извештајот.

Властите додаваат дека пожарите ги принудиле жителите да ги напуштат своите домови, како и да се евакуираат здравствените установи, со што се нарушени „виталните здравствени услуги и ресурси“. Се препорачува да не се излегува надвор, да се носи маска ако се оди на отворено, во услови на чад. Домашните миленици, исто така, треба да се чуваат во затворени простории.

📽️ ЗОШТО ОГНОТ ТОЛКУ БРГУ ГО УНИШТУВА ЛОС АНЏЕЛЕС? Откриени 3 фактори кои доведоа до пеколните пожари

Поврзани содржини