Густ црн чад над Бејрут, голем пожар на пристаништето (ВИДЕО)

866

На пристаништето во Бејрут избувна пожар по повеќе од еден месец од страшната експлозија во магацинот со амониум нитрат во кој загинаа 190 лице.

Голем црн облак од чад се издигнал во небото над либанскиот главен град. Засега е непознато што го предизвикало пожарот.






Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

– Не знаеме што гори, се обидуваме да го изгаснеме пожарот – рекол Мишел Ел-Мур, началник на противпожарната служба која е на терен.

Според пораката на либанската војска на Твитер, пожарот избил во складиште за масло и гуми во бесцаринската зона на пристаништето во Бејрут.

Експлозијата во главниот град на Либан, што се случи на 4 август, ги уништи пристанишните објекти и ги опустоши локалните области.

Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот во кој изгореа скоро 3.000 тони амониум нитрат складирани во пристаништето Бејрут.

Поврзани содржини