Гуштери од 2 метра влеглe во продавница во Тајланд, луѓето се криеле под касата ВИДЕО

836

Во супермаркетите може да се видат секакви сцени, но не и гуштери од 2 метра кои започнале да се качуваат по полиците во продавницата во тајландски По Патом.

Ужасната сцена се случила во супермаркетот „7 илевн“ во Тајланд, каде гуштери решиле да направат хаос уништувајќи ги полиците, правејќи производите да летаат на подот.






Тие ползеле по полиците барајќи храна, а муштериите воопшто не биле воодушевени, дури почнале да викаат од страв и неверување.

Нарумпа Тангсин, кој ја снимил неверојатната сцена, вели дека не смеел да им приоѓа на влекачите затоа што можат да бидат опасни доколку се налутат.

– Застанав кратко за да купам нешто да јадам кога видов огромен гуштер, сакав да земам пијалок, но влекачот стоеше премногу близу. Тие се опасни, особено ако се лути, па затоа останав во позадина. Пазарите се чини дека имаат сè, дури и за гуштери “, рече тој.

Персоналот и клиентите се криеја зад касата, додека животните грабеа предмети и соборија неколку штеки млеко.

Продавачот повикал полиција, која пристигнала со експерти кои ги фатиле влекачите.

Се верува дека тие влегле на пазарот во потрага по храна бидејќи суво време со многу малку дожд владее во Тајланд веќе неколку месеци, пренесува Мирор.

Овие гуштери неретко живеат во канали во големите градови во Тајланд, а се хранат со риби, змии, жаби и остатоци од храна од луѓе. Тие се агресивни кога чувствуваат закана, а нивното каснување може да предизвика сериозни инфекции поради бактериите што се пренесуваат.

 

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини