„ГУЧИ“ ПОД ИСТРАГА ЗА КАРТЕЛСКО ЗДРУЖУВАЊЕ Финансиската полиција ги претресе објектите за кожни производи

Европската комисија објави дека регулаторите извршиле претрес во просториите на компании од модниот сектор во неколку земји од ЕУ.

162

Италијанската финансиска полиција изврши претрес во објектите на компанијата „Гучи“ како дел од истрагата на Европската комисија во неколку земји за можни прекршувања на прописите за пазарна конкуренција, потврди компанијата.

Компанијата соопшти дека цел на финансиската полиција биле објектите во кои се произведуваат патни чанти, чанти и други кожни производи.






Европската комисија објави дека регулаторите извршиле претрес во просториите на компании од модниот сектор во неколку земји од ЕУ.

Комисијата се сомнева дека компаниите можеби го прекршиле законот на ЕУ за конкуренција, кој забранува картели и рестриктивни деловни практики, вклучувајќи хоризонтални и вертикални спојувања.

Поврзани содржини