ГТЦ лани оствари загуба од 660.000 евра

Вкупните приходи на друштвото изнесуваат 3,27 милиони евра, додека потрошил 3,97 милиони евра.

1,194

Издавањето деловен простор не го спаси Градскиот трговски центар од загуба. Друштвото и лани работело со загуба од над 660.000 евра.

Според извештајот, објавен на Македонска берза, Друштвото и лани имало проблем со наплата на побарувањата иако дел од нив завршиле и пред суд. ГТЦ треба да наплати 2,4 милиони евра долг стар една година и долг кој требало да го наплати лани. На Друштвото покрај домашни купувачи му должи и државата околу 15.000 евра.






ГТЦ лани повеќе трошел отколку што заработувал. Вкупните приходи на друштвото изнесуваат 3,35 милиони евра, додека потрошил 4,01 милиони евра.

На приходната страна најмногу пари собрал од комуналии и одржување над 2,4 милиони евра и од закупнина 660.509 евра.

Во расходната страна на друштвото највисока ставка се платите и придонесите како и одржувањето на деловниот простор.

Во АД ГТЦ најголем акционер е акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор кое учествува со 97, 58 отсто како и правни лица со 0,30 отсто и физички лица 0,49 отсто, како и вработени.

Акционерскиот капитал на друштвото се состои од 1.846.325 акции со вкупна номинална вредност од 92.316.250 евра.

Поврзани содржини