Груевски до власта: Излезете од романтичниот сон и отворете ги очите со Бугарија

7,309

Жално е што речиси во третата декада на 21 век, соседна официјална Бугарија, наместо вистинско пријателство кон Македонија, какво што реално има помеѓу луѓето од двете земји, наместо да ни помогне да се приклучиме на ЕУ ден порано, ја користи својата положба како членка на ЕУ да не принуди да не го нарекуваме нашиот јазик македонски и да се согласиме под плаштот на т.н. заедничка историја, во целост да ја присвои македонската историја, пишува и денеска поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук.

Во анализа насловена „Аргументи во одбрана на Македонците и македонската национална кауза“, Груевски вели:






„Македонските власти, треба да излезат од романтичниот сон дека со огромните и непринципиелни отстапки кои ги направи кон Бугарија, дека ги затворила сите прашања со нашиот сосед и треба добро да ги отвори очите што прави. Потсетувам и на изјавата на министерот за образование на Бугарија, Иван Шишманов, дадена на францускиот новинар, публицист и книжевник Гастон Рутие, кој по илинденското востание есента 1903 година ја посетил Македонија и Бугарија, а објавено во книгата „Македонија во делата на странските патописци, 1903“ чиј редактор е академик Александар Матковски.

По десет години, ако Македонија стане автономна, таму нема да постојат ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, ќе постојат само Македонци… Ако Европа го мисли спротивното, таа греши, ако Бугарите сметаат на бугаризација на Македонија, тоа се илузии“, вели Груевски.

Тој потсетува дека деновиве од бугарска страна уште еднаш ни ја сервираат старата теза дека во Бугарија комунистите правеле „присилна македонизација“ и затоа имало толку Македонци на пописот во првите два пописи по војната.

„Уште поинтересно е што затворањата на поранешните припадници на ВМРО во комунизмот ги препишуваат на тоа дека не сакале со сила да станат Македонци па затоа ги затворале. Вистината е дека комунистите во Бугарија ги затворале бидејќи ги сметале за фашисти и „Ванчомихајловисти“.
За тоа колку се грижеле за Македонските комити и востаници, сведочи и изјавата на тогашниот министер Григор Наќевиќ кој во 1903 за бегалците од Македонија изјавил дека ќе пристигнат десетици илјади голтари и ќе треба да се грижат за нив. Еднаш околу 1905 или 1906, С.Радев го прашал Чакаларов, како му е во Бугарија, а овој му одговорил: ”Во Костурско бев Цар, овде сум обичен бакалин“. Македонците се чувствувале како граѓани од втор ред во Бугарија, но многу од нив немале друг избор. Факт е дека со прст не мрднале од Софија за време на Илинденското востание.
Организацијата го знаела тоа и сепак тргнала во востание. Сарафов во Смилево им рекол на делегатите, помош од Бугарија да не чекаат“, вели Груевски во анализата.
Поврзани содржини