ГРУБИ СИ ЈА ОДРЕДИ КАЗНАТА Од ВМРО-ДПМНЕ го прашуваат дали од свој џеб ќе ги плати пеналите

347

Добро е што Артан Груби е свесен дека ќе лежи затвор, дури и тој самиот си ја одреди висината на казната, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако вицепремиерот денеска во Стопанската комора каде говореше на тема „Бехтел и Енка – можности, предизвици и одговорности“ рече дека „ако има и еден денар проневерен ние политичарите да скапеме во доживотен затвор“.

– Не познавам политичар кој е се впушти во корупција со американска фирма. Ние сакаме овој проект да биде тотално чист, без никаква корупција. Ова е наш животен проект и сакаме да биде реализиран. Ако има и еден денар проневерен ние политичарите да скапаме во доживотен затвор – рече Груби.






„Груби лаже и затоа растура пердуви. Кога не би лажел требаше да одговори: Зошто прифатиле да се суспендира континенталното право и за ‘Бехтел и Енка’ да важи англосаксонско право? Зошто дивоградбите и легалните објекти ќе се легализираат по исти цени? Зошто сите грешки од проектирањето на ‘Бехтел и Енка’ ќе ги плаќа државата т.е. граѓаните? Дали Груби и Ковачевски од свој џеб ќе прифатат да ги платат пеналите за обврската која ја презеле за зголемување на часовите на работна недела?“, праша ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини