ГРУБИ МУ ВЕРУВА НА ПРЕМИЕРОТ ЗА ОПЕРАЦИЈАТА Целта на ВМРО-ДПМНЕ е да го оттргне вниманието од Данела Арсовска
Според првиот вицепремиер, ВМРО-ДПМНЕ имале време кога сакаат да го објават овој наводен скандал, но сега излегле со некакви документи се со цел да го оттгрнат вниманието од нивните скандали, посебно последниот со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Прашан за објавениот скандал за премиерот Ковачевски, каде ВМРО ДПМНЕ го обвини за „трајно неспособен“, првиот заменик премиер Артан Груби во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 одговори дека му верува на премиерот кој рече дека во тој период подлегнал на неколку операции и тоа е причината за непријавувањето во војската.
Според првиот вицепремиер, ВМРО-ДПМНЕ имале време кога сакаат да го објават овој наводен скандал, но сега излегле со некакви документи се со цел да го оттгрнат вниманието од нивните скандали, посебно последниот со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Запрашан дали СДСМ и ДУИ стојат позади Данела Арсовска, во вечерашното издание на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 категорично рече дека не стојат позади градоначалничката Данела Арсовска.
На новинарско прашање дали комуницира со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вицепремиерот Груби вели дека имаат комуникација.
– Со Мицкоски комуницирам, тој бара предвремени избори и негира секаква поврзаност со Русија – изјави тој.