ГРУБИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ОСМАНИ Огранокот на ДУИ во Чаир сепак има нов координатор?

Покрај онаа на претседателот, Бујар ја има и мојата поддршка во овие напори за повторно активирање на структурата во Чаир по три години отсуство на партиски активности во нашиот огранок и во локалните совети во огранокот, напиша Груби на Фејсбук.

1,144

Вицепремиерот Артан Груби на Фејсбук му ја честиташе новата партиска функција на Бујар Османи, кој беше именуван за „координатор за политички процеси на ДУИ во општина Чаир“. И покрај вчерашните изјави на сопартиецот Изет Меџити кој е претседател на чаирскиот огранок дека ваква функција не постои во Статутот, Груби ја изрази својата поддршка за новименуваниот Османи.

„Покрај онаа на претседателот, Бујар ја има и мојата поддршка во овие напори за повторно активирање на структурата во Чаир по три години отсуство на партиски активности во нашиот огранок и во локалните совети во огранокот. Ве повикувам сите да се придружите со сите ваши идеи и акции за посилна и пообединета ДУИ во Чаир“, пишува Груби на Фејсбук.






Претходно, Меџити напиша дека не е разрешен од претседателската функција на чаирскиот огранок.

– Не сум разрешен. Јас сум избран во легална процедура и низ редовна кампања и имам мандат како претседател на огранокот – изјави вчера Меџити.

ЛАГА Е ДЕКА СУМ РАЗРЕШЕН Меџити вели дека нелегитимно е Османи да биде координатор за Чаир во ДУИ

 

Поврзани содржини