ГРУБИ И НЕГОВИТЕ СОУЧЕСНИЦИ МОРА ДА ОДГОВАРААТ КРИВИЧНО Јавното обвинителство треба веднаш да почне истрага

Партијата ВМРО-ДПМНЕ посочува дека судството е целосно компромитирано и дека ако САД можеле да ги обезбедат доказите за мешање и за влијанија на Груби во судски одлуки, истите докази можат и мораат да ги обезбедат и нашите истражни органи.

413

„Артан Груби мора да сноси одговорност за криминалните дејствија. Тој се најде на црната листа на САД поради криминални и корупциски дела. Стратешкиот партнер обезбедил докази дека Груби земал мито за да влијае во судски предмети и одлуки“.

Ова се вели во соопштението на партијата ВМРО-ДПМНЕ.






„Груби во влијанието во судството не бил сам, логистика за тоа му беа патериците од СДСМ. ДУИ и СДСМ заеднички, седум години, поставувале свои луѓе во правосудниот систем. Судиите и обвинителите ги бираа во нивни партиски штабови. Се поставува прашањето во колку судски процеси и во колку судски одлуки СДСМ и ДУИ влијаеле и ја спречиле правдата, или, пак, во колку граѓански постапки влијаеле за да се донесе одлука во нивна корист? Затоа судството е целосно компромитирано и со доверба од граѓаните од 2%. За ваквото деградирање и мешање во правосудството одговорност мора да има. Сите соучесници на Груби, исто како него, треба да сносат одговорност и да се соочат со лицето на правдата пред македонските органи“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавното обвинителство не треба да чека, се наведува во соопштението на партијата, туку треба веднаш да постапува и да ги обезбеди доказите. Ако САД можеле да ги обезбедат доказите за мешање и за влијанија на Груби во судски одлуки, истите можат и мораат да ги обезбедат и нашите истражни органи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Повикуваме судиите и обвинителите да се разбудат и да почнат да си ја работаат работа за коишто се платени од граѓаните, согласно закон. Кривична одговорност за Груби и за неговите помагачи во СДСМ и во ДУИ мора да има“, се додава во соопштението.

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ПОСТАПУВА ЗА АРТАН ГРУБИ И ЗА ЕНВЕР БЕЏЕТИ Ако не реагираме, го толерираме беззаконието

Поврзани содржини