Али Ахмети е неприкосновен, Тој е лидер, претседател на партијата и ние со сите овие чекори сакаме пак да го вратиме да биде претседател на сите во партијата. Тој да биде претседател на партијата, а не да фати страна, вели Изет Меџити, водачот на „огнената група“ во ДУИ, во интервју за Радио Слободна Европа.
„Во случајот, впечатокот на членството е дека Груби функционира како клан, а Ахмет е како заштитник на тој клан. Мислам дека треба да се врати на првобитната позиција претседател на Демократската унија за интеграција, неприкосновен на сите, како што функционирал во минатото. И кога имало поделби во размислувањата, тој бил оној што на крај ги седнувал, пресекувал, никогаш не фатил страна. Во случај кога ќе фати страна, тоа не личи на претседателот или на таткото во партијата, а не сакам во никој случај така да го гледам Али Ахмети“, вели Меџити.