ГРУБИ ДА ГИ ВРАТИ ПАРИТЕ Не е доволно само да си замине од политиката

Артан Груби не бил сам во случаите на сомнежи за криминал. Тој имал свои соучесници кои мора да одговараат. Не е можно Артан Груби да се сомничи за криминал, а Али Ахмети да е чесен. Треба да одговара и Ахмети за сето она што им го направи на граѓаните на Македонија и на Албанците, истакна Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

396

ДУИ е поразена, Груби не е доволно да си замине од политиката туку да ги врати парите за кои се сомничи за криминал, рече Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, додаде тој, потребна е одговорност на сите оние кои во ДУИ му даваа политичка поддршка и СДСМ кои му беа оперативци во криминалот.






– Артан Груби не бил сам во случаите на сомнежи за криминал. Тој имал свои соучесници кои мора да одговараат. Не е можно Артан Груби да се сомничи за криминал, а Али Ахмети да е чесен. Треба да одговара и Ахмети за сето она што им го направи на граѓаните на Македонија и на Албанците кои ги злоупотребуваше и се богатеше на нивни грб како и Македонците кои здружно со СДСМ ги крадеа. Борбата на ДУИ и СДСМ е за спас на криминалци како Артан Груби, затоа создаваат атмосфера на етнички тензии. Циркусот пред Уставен суд беше само за дефокусирање од криминалите на ДУИ и СДСМ кои забрзано излегуваат на виделина. Сега откако помина 11, ништо не се случи и ДУИ се демаскирани. ДУИ и СДСМ 7 години го имаа запоседнато судството. Врвот на овие партии а најмногу Артан Груби влијаеле на судски одлуки. 7 години судска одлука не смееше да се донесе без одобрение на ДУИ и СДСМ. И ДУИ и СДСМ знаеја дека Уставен нема да донесе никаква одлука и затоа што сите 9 судии токму ги избраа тие, но намерно создаваа тензии, за да го вознемируваат народот и да дефокусираат од нивните криминали. Сѐ што прават ДУИ и СДСМ е за бегство од одговорност. Политичките криминалци и во двете партии треба да знаат дека не можат да избегнат одговорност, и дека ќе се соочат со последиците на своите дела – порача Петрушевски.

Поврзани содржини