Грозданова: Наш приоритет беше безбедна и ефикасна вакцина

Таа вели дека според бројот на популацијата Македонија многу лесно и многу брзо ќе ја заврши имунизацијата доколку брзо пристигнат поголем број на вакцини кој се очекува да започне веќе следната недела.

455

Нашите приоритети беа да добиеме вакцина која што е безбедна и ефикасна вакцина, рече претседателката на комитетот за имунизација д-р Александра Грозданова во гостувањето на Топ Тема на Телма.

Запрашана зошто земјава чекаше толку долго да набави вакцини од други производители откако стана јасно дека „Ковакс“ системот нема да испорача вакцини, таа побрза да потенцира дека ниту руската, ниту кинеската вакцина немаат одобрување од Европската медицинска агенција и Агенцијата за лекови и храна на САД. Дополнително што според законската регулатива и хармонизацијата која што земјава со години веќе ја прави, овие две барања се ставени како клучни при носењето на било какви нови лекови во земјава.






Покрај тоа, посочува Грозданова, податоците за безбедноста и ефикасноста на овие две вакцини во ноември или декември не беа потврдени.

– Но друга страна кога ќе бидете оној што треба да избере најквалитетно и најбезнедно решение за граѓаните, мислам дека ние се водевме по тие ставови. Дополнително, комуникацијата со Фајзер започна уште во средината на октомври, крајот на септември, октомври, ние пристапивме и до АстраЗенака, и од Модерна, но сите тие регулаторни постапки, конкретно Фајзер побара од нас на територијата на Македонија да се јави исклучиво како договор со производител. Тоа нашите законски регулативи не го предвидуваат – рече д-р Грозданова.

Таа вели дека според бројот на популацијата Македонија многу лесно и многу брзо ќе ја заврши имунизацијата доколку брзо пристигнат поголем број на вакцини кој се очекува да започне веќе следната недела.

– Со самото потпишување на договори, очекуваме дека се денови во прашање за пристигнување на вакцините. Да напоменеме, дека вакцината не е задолжителна. Се сложувам дека здравствените работници треба да бидат први. Ние направивме анкета со цел да ја прашаме прво оваа група дали сакаат да бидат вакцинирани. Оттаму, треба да земеме предвид дека во декември не беа познати многу детали за вакцините, а тие податоци од тогаш се многу променети. Националниот план претрпе едно ажурирање. Во насока за тоа колкав процент од населението сака да се вакцинира, ќе добиеме податоци по направените анкети и консултации. Приоритети за вакцинацијата е пред се возраста, потоа втората категоризација се акутните или хронични заболувања кај пациентите – истакна Грозданова.

Поврзани содржини