Министеро за здравство Венко Филипче сподели видео со препораки како граѓаните да се грижат и да го зачуваат менталното здравје.
Ограничете го времето за гледање вести, одржувајте контакт со блиските, хранете се здраво, не пијте многу алкохол, вежбајте, негувајте позитивни чувства и релаксирајте, се едни од чекорите до добро ментално здравје во време на самоизолација поради пандемијата предизвикана од коронавирус.