ГРЕТА ТУНБЕРГ СО ЛИСИЦИ НА АЕРОДРОМ Израел ја протера заедно со 170 активисти од флотилата

Меѓу депортираните се активисти од 19 земји, а израелските власти тврдат дека флотилата имала „провокативен карактер“.

360

Израелските власти денеска протераа 171 член на меѓународната хуманитарна флотила во Газа, меѓу кои и познатата шведска активистка за климата Грета Тунберг. Според израелското Министерство за надворешни работи, групата е депортирана во Грција и Словачка.

Министерството објави фотографии од Тунберг и уште две жени на аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив. На снимките, активистите се прикажани облечени во сива облека што, како што наведуваат израелските медиуми, ја користат затворениците во тамошните притвори.






„Дополнителни 171 провокатори од флотилата, вклучувајќи ја и Грета Тунберг, беа протерани денеска од Израел во Грција и Словачка“, соопшти израелското Министерство за надворешни работи на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер).

Меѓу протераните се државјани на Грција, Италија, Франција, Бугарија, Ирска, Шведска, Полска, Германија, Литванија, Австрија, Луксембург, Финска, Данска, Словачка, Швајцарија, Норвешка, Велика Британија, Србија и САД, соопшти Министерството.

Од израелските власти потврдија дека десетици членови на флотилата биле протерани и за време на викендот, а останатите биле приведени при обид да пристигнат до Газа преку морски пат.

„Израел нема да дозволи провокации под изговор на хуманитарни мисии кои имаат за цел да го нарушат суверенитетот на државата и безбедноста на нејзините граѓани“, стои во реакцијата на Министерството.

Според израелските медиуми, дел од активистите ќе бидат предмет на дополнителна забрана за влез во земјата во наредните години.

Поврзани содржини