Грета Тунберг мисли дека има коронавирус, со татко ѝ е во карантин

715

Младата шведска активистка Грета Тунберг истакнала во својата објава на социјалните мрежи, дека е „многу веројатно“ дека има коронавирус.

Во својата објава 17-годишната активистка напишала на Инстаграм дека последните две недели била во изолација.






„Пред десетина дена почнав да чувствувам некои симптоми, точно во исто време кога и мојот татко кој патуваше со мене во Брисел, стои во објавата.

„Се чувствував изморено, имав треска, болка во грлото и кашлица. Мојот татко ги искуси истите симптоми, но беа поинтензивни и имаше температура“, продолжила Грета на Инстаграм.

Како што вели, таа закрепнала и се чувствува добро, но ги моли луѓето да размислат за своите постапки и да бидат одговорни.

 

 

Поврзани содржини