ГРЕТА ТУНБЕРГ Е УАПСЕНА ВО ДАНСКА Активистката била на протест против војната во Газа

Полицијата одби да го потврди идентитетот на уапсените, но портпаролот на организацијата „Студентите против окупацијата“ изјави дека Грета Тунберг е приведена.

392

Данската полиција ја приведе активистката Грета Тунберг за време на протестот против војната во Газа одржан во Копенхаген, објавија странските агенции, цитирајќи го портпаролот на студентската група која ги организираше демонстрациите.

– Шест лица се приведени на Универзитетот во Копенхаген откако околу 20 лица го блокирале влезот во зградата, а тројца влегле внатре – додаде портпаролот.






Полицијата одби да го потврди идентитетот на уапсените, но портпаролот на организацијата „Студентите против окупацијата“ изјави дека Тунберг е приведена.

Поврзани содржини