ГРЕЈАЧИ НА СЕДИШТА, ЛЦД ЕКРАН ОД НАЈМАЛКУ 10 ИНЧИ Државната АЕК ќе се поднови со седум возила

Агенцијата, со која раководи Јетон Акику, кадар на ДУИ, неделава распиша и оглас за набавка на авиобилети во вредност од речиси 100.000 евра за наредните две години, потсетува СДК.мк

1,279

Државната Агенција за електронски комуникации (АЕК) распиша оглас за набавка на седум автомобили со вкупна вредност од околу 200 илјади евра, пишува СДК.мк.

Според спецификациите еден од нив мора да поседува камера со приказ од 360 степени, ЛЦД екран од најмалку 10 инчи, загревање на предни и задни седишта и на волан, безжичен полнач за телефон од најмалку 15 вати, како и затемнети задни стакла со УВ заштита. Бојата треба да биде црна металик.






Останатите шест возила треба да бидат на хибриден погон, со 8-инчен ЛЦД екран, додека греење на седиштата не е задолжително.

Агенцијата, со која раководи Јетон Акику, кадар на ДУИ, неделава распиша и оглас за набавка на авиобилети во вредност од речиси 100.000 евра за наредните две години, потсетува СДК.мк

Поврзани содржини