ГРЦИЈА ВОВЕДЕ СУБВЕНЦИЈА ОД 36 ЦЕНТИ ПО ЛИТАР ГОРИВО Мерката ќе ја користат 75% од возачите

Според шемата, сопствениците на автомобили кои ги исполнуваат условите ќе добијат 50 евра (54 американски долари), а за жителите на островите се зголемува на 60 евра. Сопствениците на мотоцикли ќе добијат 30 евра во копнениот дел од земјата и 35 евра на островите. 

58

Грција од денеска ја стартуваше платформа за субвенции „fuel pass“ за гориво со цел олеснување на товарот од зголемените цени на енергијата за домаќинствата и возачите, пишува Екатимерини.

Властите проценуваат дека критериумите ќе опфатат околу 75% од возачите.






Според шемата, сопствениците на автомобили кои ги исполнуваат условите ќе добијат 50 евра (54 американски долари), а за жителите на островите се зголемува на 60 евра. Сопствениците на мотоцикли ќе добијат 30 евра во копнениот дел од земјата и 35 евра на островите.

„Врз основа на официјалните податоци за просечната потрошувачка на гориво низ целата земја, пас за гориво од 50 евра е еквивалентна на субвенција од приближно 36 центи по литар“, соопшти владата.

Субвенцијата се доделува на сите сопственици на патнички автомобили кои ги исполнуваат условите, вклучително и оние кои користат дизел возила, кои исто така ќе имаат корист од постојната субвенција за дизел од 20 центи по литар.

Мерката се однесува на поединци, вклучително и самовработени професионалци, со деклариран годишен приход до 25.000 евра за самци и 35.000 евра за брачни парови. Прагот се зголемува за 5.000 евра за секое издржувано дете.

Поврзани содржини