ГРЧКА ТЕЛЕВИЗИЈА ТВРДИ ДЕКА МАКЕДОНСКО КАЗИНО ИЗДАВА ЛАЖНИ КОВИД СЕРТИФИКАТИ? МВР вели нема пријава, но ќе ги провери наводите (ВИДЕО)

Според телевизијата, лажните сертификати за брз тест, според видео-сторијата, се документи од овластен дијагностички центар, во кои без да биде извршено какво и да е тестирање, само се пополнуваат имињата на клиентите.

731

Грчката телевизија Опен објави видео сторија  во која тврди дека  извесно казино во близина на граничниот премин Дојран-Дојрани на македонска територија им обезбедува бесплатен лажен негативен тест на своите посетители со кој тие можат бебзбедно да се вратат во Грција.

Телевизијата тврди дека  случаите биле откриени кога во еден ден од 45 патници на кои им бил направен брз тест на границата, 9 испаднале позитивни.






Според телевизијата, лажните сертификати за брз тест, се документи од овластен дијагностички центар, во кои без да биде извршено какво и да е тестирање, само се пополнуваат имињата на клиентите.

– Во суштина тоа е фабрика. Менаџерите на казината во соседната земја наоѓаат начин да не ги едуцираат своите клиенти бидејќи зголемените санитарни услови ги обесхрабруваат многумина да одат да си ја пробаат среќата. За да не изгубат клиенти, тие… го измислија овој начин за да заштедат пари и напор – се вели во прилогот.

Од МВР, изјавија дека до нив нема поднесено пријава дека некое казино издава вакви сертификати.

– Досега МВР нема добиено пријава за казиното кое го посочуваат грчките медиуми, но ќе бидат извршени проверки во врска со наведеното- изјавија  од МВР за Плусинфо.

Поврзани содржини