ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ И ДЕНЕСКА ПРЕПОЛНИ За влез во земјава се чека 40 минути, а за излез 30

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

179

На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути. На ГП Богородица за излез се чека од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен.






АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Поврзани содржини