ГРАДСКИОТ ИНСПЕКТОРАТ САКАЛ ДА ГО ЗАПЛЕНИ КАМИОНОТ ШТО ЧАИР ГО АНГАЖИРАЛ ЗА ЧИСТЕЊЕ? За градоначалникот Ганиу ова е неприфатлива интервенција

„Поради недостиг на активности од надлежните јавни претпријатија, Општина Чаир презеде конкретни мерки преку ангажирање приватна компанија за чистење на најзагадените зони, со цел да се обезбеди ред и чистота во јавните простори“, соопшти Општина Чаир.

344

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, изрази загриженост откако, како што соопшти Општината, Градскиот инспекторат денеска ја известил полицијата да ја запре работата на камионот ангажиран од Општината за собирање отпад околу контејнерите за ѓубре, и обидот да го конфискува камионот.

Според градоначалникот Ганиу, ова е неприфатлива интервенција во надлежностите на локалната самоуправа, со јасна политичка позадина. Тој веднаш свикалпрес-конференција за да ги информира граѓаните за состојбата.






„Поради недостиг на активности од надлежните јавни претпријатија, Општина Чаир презеде конкретни мерки преку ангажирање приватна компанија за чистење на најзагадените зони, со цел да се обезбеди ред и чистота во јавните простори“, соопшти Општина Чаир.

Градоначалникот Ганиу апелира до институциите за итна реакција и запирање на секоја пречка кон работата во интерес на граѓаните. Тој го повтори својот ангажман да продолжи со одговорност и решителност во служба на заедницата, без да молчи пред неправдите кои, како што вели, го нарушуваат заедничкиот интерес.

Поврзани содржини