ГРАДСКИ АВТОБУС ВО НИШ „ЗБРИША“ АВТОБУСКА ПОСТОЈКА Луѓето се извадиле од памет, но само еден е полесно повреден
Истрагата треба да утврди дали станува збор за техничка неисправност на автобусот, влошена здравствена состојба на возачот или невнимание во сообраќајот.
Автобус од јавниот превоз денеска во Ниш изгуби контрола и директно удри во автобуска постојка, при што целосно ја уништи нејзината метална конструкција.
Едно лице е итно пренесено во болница со возило на Брза помош, каде му се констатирани полесни телесни повреди.
Иако сликите од местото на настанот покажуваат застрашувачка штета, според првичните информации на српските медиуми, избегната е поголема трагедија.
– Слушнав само дека пукна силно, а потоа излегов и видов луѓе како бегаат! Брзо пристигна Брза помош со ротација. Се надевам дека сите се добро, беше страшно – изјави продавачка од дуќан во близина на постојката.
Од силниот удар, станицата е буквално срамнета со земја, а и самиот автобус претрпел сериозни оштетувања на предниот дел. Сепак, според изјавите на очевидците, возилото останало во возна состојба.
Припадниците на Полициската управа во Ниш и сообраќајната полиција извршиле увид за да се утврди дали станува збор за техничка неисправност на автобусот, влошена здравствена состојба на возачот или невнимание во сообраќајот.
&
View this post on Instagram