Градот во кој е невозможно да се држи социјална дистанца (ВИДЕО)

Лум Чаи (45) изјави за „CNN“ дури и пред пандемијата, поради неговото повеќе од скромно сместување, тој одел во градот за да ги избегне соседите, но тоа сега е невозможно.

2,052

Околу 200.000 луѓе во Хонг Конг живеат во „станови-кафези“ со големина од 15 квадратни метри, а во нив невозможно да се држи социјална дистанца, пренесува „CNN“.

Лум Чаи (45) изјави за „CNN“ дури и пред пандемијата, поради неговото повеќе од скромно сместување, тој одел во градот за да ги избегне соседите, но тоа сега е невозможно.






Станува збор за простории каде има доволно простор само за кревет и за облека, а соседот е оддалечен помалку од половина метар.

Бањите во таканаречените „станови-кафези“ се заеднички, а кујни често немаат, или постојат само места за напојување за приклучување на решо.

Становите се издвојуваат само од импровизирани или преградни sидови.

Лум кирија плаќа од 232 американски долари, јави „CNN“, а живее во стан со 10 други лица.

Хонг Конг е познат како град на банкари, но во него најмногу се забележува разликата помеѓу социјалните класи.

Епидемијата влијаеше овие разлики да бидат уште полоши, па многумина што живеат во „станови-кафези“ останаа без сместување затоа што не беа во можност да платат кирија.

Според најновите податоци, во Хонг Конг се пријавени 1.038 случаи на заболени со коронавирусот, а четири лица починаа.

Во градот се воспоставени рестриктивни мерки заради ширењето на вирусот, кои беа проширени до првата недела од мај.

Забрането е да се слави „Денот на трудот“, а не е познато дали сите собири ќе бидат откажани во јуни и јули.

Министерката за здравство Софија Чан рече дека општеството ќе треба да се навикне на рестриктивните мерки, бидејќи тоа ќе стане нормално.

Поврзани содржини