Градот ги „репна“ по џебот оние што ги бетонираа дрвјата на Кејот

Инаку, во тек е реконструкција на кејот од мостот „Слобода“ кај „Холидеј Ин“ до Камениот мост. Се уредува површина од околу 12.500 квадратни метри, а за тоа се одвоени 88.6 милиони денари.

842

Откако ги забетонира дрвјата на кејот „13 Ноември“, Инспекторатот на Град Скопје одлучи фирмата изведувач да ја казни со 1.500 евра, додека за одговорното лице е изречена глоба од 300 евра.

– Врз основа на утврдената состојба на терен изготвен е записник и решение со кои изведувачот е задолжен да ги врати дрвјата во првобитната состојба. Дополнително, на изведувачот (фирмата) е изречена казнета во висина од 1.500 евра, додека на одговорното лице е изречена казна во висина од 300 евра – велат за Плусинфо од Град Скопје.






Не добивме одговор дали поради оваа грешка фирмата изведувач ќе биде исклучена во натамошното уредување на Кејот, како и дали во иднина истата повеќе нема да биде вклчена во други градежни активности во Град Скопје, како што побараа повеќето невладини огранизации и здруженија.

Инаку за потсетување, на Кејот „13 Ноември“ во центарот на Скопје, неколку дрвја пред два дена беа забетонирани. Набрзо по бурните реакции на социјалните мрежи, градските служби излегоа на терен, со хилти го раскопаа бетонот и им ставија земја на стеблата.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов беше присутен на терен и ја координираше работата на службите што беа задолжени за експресната интервенција за ослободување на дрвјата. Со ослободувањето, сите дрвја на Кејот сега се целосно заштитени и нема да имаат последици при нивното растење и развивање. Шилегов вината ја префрли на изведувачот и дека станувало збор за нивна грешка.

Инаку, во тек е реконструкција на кејот од мостот „Слобода“ кај „Холидеј Ин“ до Камениот мост. Се уредува површина од околу 12.500 квадратни метри, а за тоа се одвоени 88.6 милиони денари.

Со реконструкцијата на кејот 13 Ноември е опфатено целосно ново поплочување, патека за лицата со инвалидитет, високо зеленило – дрворед, поставување клупи, смарт клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот, канделабри, рефлектори за осветлување и нови бетонски и електрични столбови заради реализација на забраната за паркирање и движење по кејот.

На новиот кеј ќе биде ослободено повеќе место за велосипедистите и пешаците преку целосно спречување на можноста за нелегално паркирање на овој простор и сериозно ограничување на протокот на возила, информираат од Град Скопје.

Поврзани содржини