Градот ги проверуваше таксистите дали имаат маски и ракавици

675

Од Градот информираат дека во текот на денешниот ден нивните инспекциските служби се на терен и проверуваат дали такси превозниците се придржуваат на препораките да користат заштитни ракавици и маски.

Овие вонредни контроли се поврзани со примената на препораките на Владата и Министерството за здравство, а како што пренесуваат од Градот, за секое непочитување на овие препораки ќе бидат превземени соодветни постапки.






Претходно, првиот човек на Скопје, Петре Шилегов упати апел граѓаните да ги користат услугите исклучиво на дисциплираните превозници. Во спротивно, да не ја користат услугата на несовесните таксисти.

Поврзани содржини