ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА РИО СТАВИ ЗАБРАНА ЗА ЧАПЕЛ РОАН По инцидентот со 11-годишната ќерка на Џуд Ло, се огласи и пејачката
Градоначалникот на Рио де Жанеиро не ја сака Чапел Роан во градот откако бразилската фудбалска ѕвезда Жоржињо Фрело ја нападна пејачката и нејзиното обезбедување за наводен агресивен инцидент кој ја довел до солзи неговата поќерка, ќерката на актерот Џуд Ло

На крајот се огласи и поранешната партнерка на актерот Џуд Ло, Кетрин Хардинг:
„Не знам дали е нејзин личен телохранител, но беше со неа и тоа е сè што знам. Сакам да верувам дека таа не го испратила, но јавните личности имаат одговорност за луѓето што работат за нив – истакна Хардинг.
Таа нагласи дека нејзината ќерка не направила ништо несоодветно.
– Немаше телефон, не фотографираше, ништо не направи. Само ја погледна и ѝ се насмевна – рече Хардинг, додавајќи дека обезбедувачот се однесувал „агресивно и заплашувачки“ и ѝ забележал за наводно несоодветно однесување.
Според неа, девојчето, иако расте во семејство познато во јавноста, добро ги разбира границите, но објаснувањата не биле земени предвид.
– Се надевам дека Чапел не знаела за ова. Навистина мислам дека е талентирана уметница и дојдовме во Сао Паоло токму за да ја гледаме неа – тоа беше роденденски подарок. Доживувањето беше нарушено, па не отидовме на настапот – рекла Хардинг.
Таа додаде дека се надева дека ваквите ситуации ќе бидат поука во иднина: „Ако не била вклучена, тогаш можеби ќе научи да не дозволува луѓето што работат за неа да се однесуваат така“.