Градоначалникот на Лозово добил ветување од Хусеин дека веќе нема да ѝ додева на Атиџе од „Медена земја“

Кај Хусеин, како што информира Велковски вчера биле службени лица од Полицијатакои разговарале со него и отишле кај Атиџе за изјава..

5,592

Градоначалникот на општина Лозово Ацо Велковски на својот фејсбук профил информира дека разговарал со  Хусеин соседот на Атиџе, хероината од „Медена земја“  и добил ветување дека меѓусоседските односи ќе се подобрат.

Атиџе Муратова вчера преку медиумите побара помош бидејќи соседот и правел проблеми на имотот во село Бекирлија.






„За да помогнам како Градоначалник, денес лично разговарав со нејзиниот комшија Хусеин со кој имаат нарушени меѓучовечки односи , кој моментално беше во село Дорфулија со кој разговарав да се надмине нивниот проблем кога се заедно во село Бекирлија.Во разговор со Хусеин најдовме заедничко разбирање си подадовме рака дека заедно ќе ја смириме целата ситуација и за време на викендов заедно ќе одиме кај Атиџе во с.Бекирлија да се помират меѓу себе и да испиеме заедно пријателско кафе и да живеат како добри комшии“, напиша Велковски.

Тој информира дека животот на Атиџе не е загрозен.

Според градоначалникот, кај Хусеин веќе биле службени лица од Полицијата кои разговарале со него и отишле кај Атиџе за изјава.

 

Поврзани содржини