Нов иновативен метод со употреба на пластичен асфалт на одделни места, кој го продолжува векот на постоечкиот асфалт од улиците и патиштата во општината, беше најавен денеска од градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Градоначалникот Јанчев дополни дека тоа истовремено значи штедење ресурси и зголемена безбедност, појаснувајќи дека најекономично и најефтино е ако тоа го реализира јавното претпријатие „Комуналец”.
Пред новинарите се обрати и претставникот на германската компанија со која се договара набавка на материјал.