Градоначалник од Белгија намерно се инфицирал со Ковид-19, а причината е бизарна
Како што изјавил за белгијските медиуми, тој тоа го сторил за девојка му да не мора да биде сама во карантин.
Стефан Десел е градоначалник во малата берлинска општина Мите, но иако досега овој политичар не беше познат во светската јавност, сепак, буквално преку ноќ се случи сосема спротивното. Имено, тој стана познат во светот поради тоа што намерно се заразил со коронавирусот само затоа што неговата девојка била инфицирана. Како што изјавил за белгиските медиуми, тој тоа го сторил за девојка му да не мора да биде сама во карантин.
– Вирусот е многу пострашен отколку што очекував. Буквално ме „уби“ за само две недели. Искрено се надевам дека ќе оздравам и дека ќе бидам на работа до крајот на оваа недела – истакнал 50-годишниот Десел.
Голем дел од јавноста го осуди ваквото неговонеодговорно однесување, бидејќи, како што пишуваат корисниците на социјалните мрежи, тој како градоначалник треба да биде пример за останатите луѓе во борбата со Ковид-19.