ГРАДОНАЧАЛНИК САМ СЕ ПРЕДАДЕ НА РУСИТЕ Освоени Бердјанск, Енерходар и Купјанска

Ја донесов оваа одлука. Одлуката е моја. Одговорноста за тоа што се случува во градот е на мене. цело време сум во градот и останувам. Сите прашања за одржување на животот се на мене, изјавил градоначалникот на градот Купјанска близу Харков.

1,708

Руските трупи ги зазедоа градовите Бердјанск и Енерходар на југоистокот од Украина, а градоначалникот на украинскиот град Купјанска близу Харков, Генадиј Мацегора, сам се предал на Русите. 

 Ја донесов оваа одлука. Одлуката е моја. Одговорноста за тоа што се случува во градот е на мене. цело време сум во градот и останувам. Сите прашања за одржување на животот се на менеизјавил тој.






 Генадиј изјави дека градот е под контрола на руските војници, пишува Б92. Тој напомена дека од утре градинките и училиштата ќе се вратат на „вообичаениот распоред за работа“, се наведува во видео пораката на Мацегор од 27 февруари.

 Пред четири дена сите го напуштија градот: СБУ, обвинителство, воена канцеларија, одред на одбраната. Останавме сами. Јас со моите подредени и подрачната полициска управа која до момент беше и е до мене рече Мацегора.

 Купјанска е град на само 124 од Харков, на истокот. Истовремено со заземањето на Бердјанск Русите го контролираат Азовското Море, додека со Енерходар тие се доближуваат до Мариупол. Но, заземањето на Мариупол уште не потврдено.

 Според портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, од почетокот на окупацијата уништени се 1.100 воени објекти, погодени се 314 тенкови и други воени возила, како и 57 ракетни системи. Оваа информација не може независно да се потврди, напоменува агенцијата ДПА.

 Во источниот регион на Донбас, сепаратистите поддржани од Русија напреднале уште 19 километри. И оваа информација, исто така, не може да биде потврдена од независен извор.

Поврзани содржини