ГРАДОНАЧАЛНИК ГО ПРАЗНЕЛ БУЏЕТОТ СО ПРОТИВЗАКОНСКИ ДОГОВОРИ Дехари под истрага за 64.000 евра штета
Според полицијата, со ваквото постапување Дехари ги прекршил повеќе закони – вклучително и Законот за спречување на корупцијата, Законот за локална самоуправа, Законот за јавни набавки, како и Правилникот за систематизација на работни места во општината.
Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, се соочува со кривична пријава за злоупотреба на службената положба, откако полицијата утврдила дека во периодот од 2017 до 2024 година, противзаконски склучувал договори за адвокатски услуги со приватни адвокати, иако во општината постои цел сектор за правни работи со 37 вработени.
Како што соопшти денеска СВР Охрид, ОВР Кичево поднела кривична пријава против 51-годишниот Ф.Д. од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за кривично дело по член 353 од Кривичниот законик – „Злоупотреба на службена положба и овластување“.
– Лицето, свесно и со умисла, склучило повеќе договори за адвокатски услуги со адвокати од Кичево, иако постои сектор за правни работи кој ја застапува општината. Со тоа, нанел штета на буџетот во износ од 3.938.420 денари, односно околу 64.000 евра – изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.