Градоначалничката на Вашингтон бара забрана за сите протести до 25 јануари

Баузер, исто така, истакна дека побарала од федералната влада да има секојдневни брифинзи за безбедносната состојба во Вашингтон пред инаугурацијата на Бајден.

127

Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Бaузер на денешната прес-конференција изјави дека локалната власт бара од федералната влада на САД да ги одземе сите дозволи за различни протести и демонстрации во центарот на главниот град до 25 јануари.

– Го молам секретарот за внатрешни работи (Дејвид Бернхард) да ги одземе сите дозволи за јавни собири во Дисктиктот Колумбија и да не издава нови вакви дозволи меѓу 11 и 24 јануари.






Барањето се објаснува со фактот дека централниот булевар Вашингтон и спомениците и парковите лоцирани на него и во близина се под јурисдикција на федералните власти. И инаугурацијата на следниот претседател на САД, Џо Бајден, што е закажана за 20 јануари, ќе се одржи на скалите на Конгресот, што е на таа територија.

Баузер, исто така, истакна дека побарала од федералната влада да има секојдневни брифинзи за безбедносната состојба во Вашингтон пред инаугурацијата на Бајден.

– Го замолив државниот обвинител да му наложи на Федералното биро за истраги да дава дневни брифинзи и проценки на заканите, посочи Баузер

Поврзани содржини