ГРАДБИТЕ ЗАБРАНЕТИ, КАЛЕТО ЗА ГРАЃАНИТЕ Меџити ги открива новите планови за историската локација

Изет Меџити најави крај на политичката злоупотреба на Калето, ќе нема нови градби, само реставрација и отворен простор за граѓаните.

505

Скопје конечно ќе добие реставрирано и достапно Кале за граѓаните и туристите, без нови градби и без политичка злоупотреба. Ова го најави првиот заменик-премиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој порача дека времето на политичко користење на Калето завршило.

– Нема да има политички градби на скопското Кале. Тоа време заврши – категоричен беше вицепремиерот Изет Меџити, кој најави дека локацијата конечно ќе се уреди и ќе биде отворена за јавноста како културно-историски споменик.






– Просторот се чисти и се отвора за граѓаните и туристите. Овој споменик на културното наследство повеќе нема да се користи за поделби – рече Меџити, алудирајќи на неуспешниот обид во 2011 година да се изгради верски објект, што тогаш предизвика жестоки реакции од јавноста.

Според него, Владата сега дејствува институционално и одговорно, со цел да се избегнат било какви меѓуетнички тензии, но и да се заштити вредноста на Калето како заедничко наследство на сите граѓани.

– Калето е лицето на срамот на тие политики и политичари кои, за да ја одржат власта, беа подготвени на понижувања. Овој простор повеќе нема да биде средство за политичка кариера, туку ќе стане симбол на достоинство – нагласи тој.

Меџити додаде дека целта е Калето да се пренамени во „достоинствен простор што ја одразува рамноправноста и мултиетничкиот идентитет на градот“.

– Опуштете се, нема да има градби! – напиша вицепремиерот на социјалните мрежи.

Поврзани содржини