ГРАД СКОПЈЕ КОНТРА АРСОВСКА Противпожарната бригада не е место за партиски собори

Од Градот велат дека синдикалните организации имаат право да се среќаваат со кого сакаат, се додека за тоа не ги користат просториите на противпожарната бригада на Град Скопје.

315

Град Скопје реагира на намерата одредени кандидати да ја злоупотребуваат противпожарната бригада за изборни цели.

„На партиските кампањи никогаш не им било местото во просториите на Хероите на Градот и тоа не смее да се промени за овие локални избори. Просториите на ПП бригадата во Автокоманда се стратешки безбедносен објект за Градот Скопје и мора да биде функционален и во припремна состојба во секое време. Според тоа, тоа не е место за никакви партиски собири или состаноци со кандидати со некои пожарникари“, се вели во реакцијата на Градот.






Оттаму апелираат пожарникарите да бидат изоставени од партиските препукувања и да бидат оставени на мира да си ги извршуваат секојдневните обврски.

„Синдикалните организации имаат право да се среќаваат со кого сакаат, се додека за тоа не ги користат просториите на противпожарната бригада на Град Скопје“, се вели во реакцијата.

 

 

Поврзани содржини