Град Скопје бесплатно го подига отпадот од берба во замена за органско ѓубриво

Од Градот информираат дека лани  120 жители на Скопје побараа бесплатно подигање на отпадот од берба, а со тоа е спречено палење на околу 700 кубни метри органски отпад.

294

Продолжува кампањата за бесплатно собирање на остатоците од берба за да се спречи палењето на стрништата, а со тоа да се заштити воздухот од загадување, информираат од Град Скопје.

Kампањата се реализира во целиот Скопскиот плански регион, а граѓаните за 100 килограми подигнат отпад ќе добија по 30 килограми органско ѓубриво.






Заинтересираните граѓани можат да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад.

Од Градот информираат дека лани  120 жители на Скопје побараа бесплатно подигање на отпадот од берба, а со тоа е спречено палење на околу 700 кубни метри органски отпад.

 

Поврзани содржини