Град без корона продава куќи за 1 евро, но ако купувачот прекрши едно правило ќе мора да плати казна ФОТО
Властите на местото Чинквефронди во италијанската Калабрија, покренале програма која што овозможува во нивната општина да се купи куќа за едно евро.
Според зборовите на градоначалникот на општината, програмата под назив „Операција Убавина“, треба да го реши проблемот со заминувањето на младата популација во големите градови.
Куќите во Чинквефронди се привлечни и поради добрата епидемиолошка ситуација – во текот на целото време на пандемијата на коронавирусот во општината немало ниту еден случај на зараза.
Сите кои што ќе одлучат да купат куќа по повластената цена, ќе мора да ја реновираат во наредните три години. Освен тоа, купувачите ќе мора да платат специјален данок од 250 евра.
Ако во наведениот рок куќата не биде реновирана, сопственикот на ќуката ќе биде казнет со 20.000 евра.
Cinquefrondi: the ‘Covid-free’ Italian town selling $1 houses #SmartNews https://t.co/08sG0xP5Uo
— Queens Child Project Project Manager (@SoloChills) June 10, 2020
ФОТО: Твитер