Граѓаните и натаму не сакаат да носат маски, казнети 466 лица за еден ден
Регистрирани се 466 прекршоци за неносење лична заштита на лице во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава.
Министерството за внатрешни работи денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.