Граѓаните до власта: Крвта ни ја испивте, распуштете ја Регулаторна! ГАЛЕРИЈА

857

Со транспаренти „Крвта ни ја испивте“, „Доста е“, „ Та не сме саде ние, та не сме саде тука“, граѓаните вечерва упатија пораки до власта  против поскапувањето на струјата.

Прво се собраа во Паркот на жената борец и во паркот во Чаир, од каде потоа се упатија пред зградата на Владата.






Тие бараат итно поништување на последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на електричната енергија, владата да ја распушти Регулаторната комисија за енергетика, тело, како што велат, што им служи на интересите на деловните групи и корпорации на грбот на граѓаните, формирање независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги.

Потоа, владата да ги врати приватните компании за дистрибуција на електрична енергија под државна администрација и намалување на цената на електричната енергија за 46 проценти (отстранување на 33 отсто од цената за ангажираната моќност која до пред неколку години во сметката за електрична енергија беше посебна компонента и потоа вклучена во општата цена, а попустот ДДВ од 18 отсто на 5 отсто).

Протeстот го поддржаа Сакаме чист Чаир, Социјалистичка зора, Конфeдeрацијата на синдикални организации (КСОМ), Fridays for Futurе и МО Црвeни.

ФОТО: МИА

Поврзани содржини