ГОВОРОТ НА ПУТИН ЌЕ БИДЕ НЕГОВИОТ КРАЈ Поранешен руски премиер вели дека зимава притисокот ќе стане неиздржлив
Неговата одлука значи дека дури и оние луѓе кои беа неутрални или го поддржуваа Путин, генерално, ќе почнат да го преиспитуваат својот став поради фактот што сега се обврзани да одат во војна што претходно ја гледаа, открива Касјанов.
Првиот премиер на претседателството на Владимир Путин верува дека неговиот декрет за мобилизирање на руското население полека ќе доведе до негово соборување. Михаил Касјанов за британски Њузвик изјави дека протестите ширум земјата ќе се забрзаат во наредните месеци бидејќи декретот на Путин ќе го оттуѓи него од оние кои досега го поддржуваа.
Од почетокот на окупацијата на Украина на 24 февруари, Кремљ постојано го уверуваше руското население дека на руските сили ќе им требаат само професионални трупи за да надвладеат. Но, сега конфликтот кој Русите го следат од дома на нивните телевизори доби ново темпо.
– Неговата одлука значи дека дури и оние луѓе кои беа неутрални или го поддржуваа Путин, генерално, ќе почнат да го преиспитуваат својот став поради фактот што сега се обврзани да одат во војна што претходно ја гледаа – изјави Касјанов.
– Војната веќе не ги погодува само оние во професионалната армија од сиромашни семејства, туку сега ги допира сите – додава тој.
Касјанов предвидува дека до декември Путин ќе мора да се соочи со притисокот од луѓето кои не се согласуваат со влијанието од западните санкции и кои не се согласуваат дека ќе има уште придобвки во натамошната војна со Украина.
Иако не очекува оние од потесното опкружување на Путин веднаш да се побунат, Касјанов рече дека „нема да ги спроведат неговите упатства на апсолутен начин“.
– Неговите упатства нема да бидат спроведени од неговите агенции. Веќе е јасно дека луѓето се уморни од неговото водство – вели Касјанов.
– Тоа ќе започне постепено, минимизирајќи го неговиот авторитет. Додека во врска со неговото соборување, не можам да кажам колку долго ќе потрае – објаснува тој.
Касјанов (64) беше премиер на Русија од 2000 до 2004 година, за време на првиот мандат на Путин.
– Путин ги поддржа сите реформи што ги иницираше мојот кабинет – вели Касјанов.
– Тогаш ја доведовме Русија до економски раст. По моето заминување тој целосно се промени – открива некогашниот премиер.