ГОСТИВАРЕЦ САКАЛ ДА ЈА ГРАБНЕ ЌЕРКАТА Нападнал три лица, полицијата спречила киднапирање
Полициските службеници брзо реагирале и го привеле осомничениот, кој е задржан во полициската станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Гостиварец на 36-годишна возраст е приведен откако со употреба на сила се обидел да ја земе својата малолетна ќерка, за која старателството му било доделено на неговата поранешна сопруга.
Инцидентот се случил на 27 март 2025 година, околу 20:30 часот, кога полицијата во Гостивар постапила по пријава за семејно насилство. Според информациите од СВР Тетово, осомничениот А.К. (36) прво физички ја нападнал поранешната сопруга, нејзината мајка и нејзиниот партнер, а потоа се обидел со сила да ја одведе својата ќерка.
Полициските службеници брзо реагирале и го привеле осомничениот, кој е задржан во полициската станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.