Гостиварци, не пијте вода од чешма, заматена е од дождовите
Забраната за користење на водата за пиење ќе важи до наредното известување.
Водата која се дистрибуира низ гостиварската водоводна мрежа е заматена и не е погодна за употреба. Од комуналното претпријатие упатија апел до граѓаните да не ја користат за пиење.
Во соопштението до јавноста од ЈКП Комуналец посочуваат дека поради облините врнежи од дожд деновиве, дошло до заматување на водата во изворот на реката Вардар. Како последица на оваа појава водата која се пренесува преку водоводната мрежа е загадена и не смее да се користи за пиење, известија од ЈКП „Комуналец“ Гостивар.
Забраната за користење на водата за пиење ќе важи до наредното известување.
Изминативо деноноќие во гостиварско беа измерени над 40 литри воден талог, со што значително се смени хидролошката слика на реките и останатите водотеци.