Во скопската населба Аеродром утрово во 1.10 часот бил уапсен 26-годишниот Х.С. од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
При контрола во две казина на тетовското подрачје ноќеска биле затекнати пет лица без сертификати за примена вакцина против ковид, еден малолетник и едно лице кај кого бил пронајден и одземен нож.
Како што соопшти МВР, контролата била спроведена ноќеска помеѓу 22 и 03 часот од полициски службеници на СВР Тетово и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, а опфатени биле четири угостителски објекти на тетовското и 24 угостителски објекти на гостиварското подрачје.
На овие лица и на објектите во кои се затекнати ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Соодветен поднесок ќе му биде изготвен и на угостителски објект во село Врапчиште каде било утврдено дека не се почитувале протоколите за работа.