Горивата поскапуваат за половина денар
Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе биде 67,5 денари за литар, на дизелот 58,5 денари за литар, а екстралесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 58 денари за литар. Цената на „еуросупер БС-98“ останува 69 денари.
За половина денар поскапуваат „еуросупер БС-95“, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, а цената на „еуросупер БС-98“ останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новите цени на нафтените деривати ќе важат од полноќ.
Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе биде 67,5 денари за литар, на дизелот 58,5 денари за литар, а екстралесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 58 денари за литар. Цената на „еуросупер БС-98“ останува 69 денари.
Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,726 ден/кг и ќе изнесува 34,992 ден/кг.
Покачувањето на цените, РКЕ го образложува со порастот на цените на нафтените деривати на светските берзи во изминатите седум дена, како и понискиот курс на денарот во однос на доларот.