ГОРИВАТА ПОСКАПЕА ЗА СДСМ И ДУИ ДА ИМААТ ПАРИ ЗА МАТНИ ЗДЕЛКИ Потребно е реално покачување на платите

За високите цени на горивата и струјата виновна е пред сè власта. Откако СДСМ и ДУИ се на власт, тие ја зголемија акцизата на горивата за 13.13 денари, тоа се пари кои секој граѓанин ги плаќа на литар гориво не заради цената на нафтата на светските берзи, туку затоа што СДСМ и ДУИ треба да го полнат буџетот, за да имаат пари за матни тендери, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

169

Ковачевски не презема ефективни мерки, инфлацијата го јаде стандардот, горивата се поскапени над 70%, а струјата 30%, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

– За високите цени на горивата и струјата виновна е пред сè власта. Откако СДСМ и ДУИ се на власт, тие ја зголемија акцизата на горивата за 13.13 денари, тоа се пари кои секој граѓанин ги плаќа на литар гориво не заради цената на нафтата на светските берзи, туку затоа што СДСМ и ДУИ треба да го полнат буџетот, за да имаат пари за матни тендери. Владата ја загрози Македонија и во енергетска криза и до 50% од струјата се увезуваше по екстремно скапи цени, а тоа е така затоа што пред почетокот на грејната сезона јаглен во депонијата на РЕК имаше за неколку дена, а хидроакумулациите беа испразнети – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.






Од партијата тврдат и дека мерките на владата се задоцнети и се недоволни.

„Потребно е реално покачување на платите, како што предложивме и раст на пензиите за 20%. Дополнително потребни се мерки за намалување на трошоците за производство како намалување за 50% на акцизата за горивата, 100% укинување на акцизата за зелената нафта за земјоделците, како и 0% ДДВ за вештачките ѓубрива“, додаваат од опозициската партија.

Поврзани содржини