Горивата поскапеа за еден денар

Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ од полноќ ќе изнесува 60,50 денари за литар. „Еуросупер БС-98“ ќе се продава по 62,50 денари за литар, додека дизелот за 52 денари за литар.

459

Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги зголеми цените на горивата за еден денар.

Според одлуката, малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ од полноќ ќе изнесува 60,50 денари за литар. „Еуросупер БС-98“ ќе се продава по 62,50 денари за литар, додека дизелот за 52 денари за литар.






Поскапо за еден денар ќе биде и Екстра лесното масло за домаќинство.Тоа ќе се продава за 41 денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,510 ден/кг во однос на претходно утврдената цена со што тој ќе се продава по 25,396 ден/кг.

Зголемувањето на цените, како што соопштија регулагторите, се должи на поскапувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.

Поврзани содржини