ГОРИ СУВА ТРЕВА И ПАПРАТ НА ШАР ПЛАНИНА Гасењето на пожарот во село Вешала одложено за утре
Како што соопшти ЦУК, местото е далеку од селото Вешала и нема телефонски сигнал, но гаснењето и состојбата се следи со континуираната комуникација со надлежните од Националниот парк. Истовремено, од ЦУК се известени и надлежните подружници на ДЗС и МВР.
Пожар, во кој гори сува трева и папрат над селото Вешала во Општина Тетово бил пријавен попладнево околу 15 часот, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Кон пожарот била испратена екипа од три ренџери, но поради непристапниот терен тие биле повлечени. Од Националниот парк Шар Планина информираа дека рано наутро ќе испратат екипа за гаснење на пожарот кај село Вешала.
Од ЦУК велат дека пожарот е далеку од селото Вешала и нема телефонски сигнал, но гаснењето и состојбата се следи со континуираната комуникација со надлежните од Националниот парк. Истовремено, од ЦУК се известени и надлежните подружници на ДЗС и МВР.
Од Националниот парк „Шар планина“, по 17.15 часот, известија дека друг пожар што бил пријавен во атарот на село Лисец е локализиран од страна на вработените (ренџери) на Националниот парк и мештаните од селото. Но, пожарот над село Вешала сè уште е активен, а заради лошиот и непристапен терен и настапување на ноќта вработените од Националниот парк „Шар планина“ се повлечени од терен.
Од Полициската станица Попова Шапка е добиено известување во ЦУК дека нивна екипа правела увид за пожарот кај село Лисец, Општина Тетово.
Состојбата се следи од ЦУК, а и од институциите Системот за управување со кризи во реонот на пожарите, стои во соопштението.