Гори Галичник, Армијата ќе го спасува со хеликотер

1,547

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека по добиената информација за голем пожар над село Галичник, околу 13.30 часот координирал со регионалните центри и локалната самоуправа, па заради непристапноста на теренот ја известил и Армијата, којашто ќе дејствува со еден хеликотер со ведро за гаснење за пожарот и заштиа на Галичник.

ЦУК објавува и дека истовремено координирал за да се обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж.






„Известена  е и Дирекцијата за заштита и спасување, локалните едининици за противпожарна заштита (ТППЕ), МВР, а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи“, соопшти  ЦУК.

Шумскиот пожар заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и гори борова шума.

 

фото: МКД.мк

 

Поврзани содржини