🎥 ГОРИ БЕРЗАТА ВО КОПЕНХАГЕН Пожарот ја зафати една од најстарите градби во данската престолнина

Зградата е изградена во 17 век и една од најпопуларните туристички атракции во Копенхаген.

198

Пожар изутрината го зафати покривот на зграда на Берзата во Копенхаген изградена во 17 век, која е една од најстарите згради во градот. Зградата која се наоѓа веднаш до палатата Кристијансборг, каде што се наоѓа Парламентот, е популарна туристичка атракција.

Во пожарот се урна симболичниот врв во облик на заплеткани опашки на четири змејови, висок 56 метри.






Големи облаци чад се издигнуваат над центарот на Копенхаген и се гледаат луѓе кои трчаат во зградата за да ги спасат сликите. Данските медиуми јавуваат дека евакуирана е и зградата на Парламентот.

 

Полицијата и пожарникарите се пред зградата, која е опкружена со скелиња. Пристигнала и Итна помош, но нема информации за жртви.

Поврзани содржини